-->
-->
ОЈО Битола постапува во случајот со примање поткуп во Болницата во Битола, повеќе детали се најавуваат за утре
-->
Јавното обвинителство попладнево информираше дека Основното јавно обвинителство Битола и СВР Битола постапуваат во случајот со примање поткуп кај медицинско лице од Клиничката болница во Битола.
Од Јавното обвинителство информираат дека се работи за докторка и повеќе информации најавуваат во текот на утрешниот ден.
- ОЈО Битола и СВР Битола постапуваат за кривично дело примање поткуп од осомничена докторка. Се уште се преземаат дејствија, така што повеќе информации во текот на утрешниот ден, велат од ЈО.
Претходно, од Министерството за здравство информираа дека иницирале покренување на дицисплинска постапка против медицинското лице и ги повикаа граѓаните да пријавуваат случаи на корупција.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Најголема инвестициска офанзива во општините, се гради низ цела држава
-
Мицкоски задоволен од постигнатиот консензус меѓу Македонија и Бугарија за пругата од Коридорот 8
-
Активни се 4 шумски пожари низ земјава
-
Почина 16-годишен мопедист - Излетал од коловозот
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложен судскиот процес за судењето на Раде Трајковски - Штекли
-
Дојран оваа сезона очекува 150 000 ноќевања
-
Преглед на вестите од светот