Орбан: Унгарија ја прогласи Антифа за терористичка организација
Унгарската влада на својата последна седница одлучи да ја прогласи Антифа за терористичка организација, изјави премиерот Виктор Орбан.
Орбан за јавниот сервис МТИ изјави дека владата ќе состави национален список на терористички организации и ќе преземе најстроги можни мерки против нив, нагласувајќи дека државата мора да биде лидер во обезбедувањето дека сите „пријавени криминални намери“ нема да останат неказнети.
Унгарскиот премиер оцени дека животот во Европа „се влошува“ и дека „околината се менува против нашата волја, поттикнувајќи агресија“, што влијае и на политичкиот дискурс, пренесува МТИ.
„Наскоро само централна Европа, и главно Унгарија, ќе се смета за остров на мирот“, рече Орбан и нагласи дека владата сака јасно да стави до знаење дека Унгарија сака да остане мирна и безбедна земја.
МИА
Ново на Сител
-
11 полицајци од СВР Велес на дисциплинска за случајот со убиената Росица
-
Полицијата денеска со опомени за оние кои со телефон и слушалки поминуваа улица, од утре ќе казнува
-
Камерите ќе го зголемат бројот на казни за сообраќајни прекршоци
-
Тротоарите во Скопје непроодни од ѓубре, Општина Аеродром и Градот поднесоа кривични пријави
-
Граѓаните бараат решение за Вардариште пред изборите – вчера повторно запалена депонија близу Арачиново
-
Резолуцијата на Филипче ќе добие конкретни забелешки од Владата по изборите
-
30 години дипломатски односи со САД
-
АВМУ не додели платена реклама за Левица и ЗНАМ, Апасиев со претставка до Уставен