Откриена спомен-биста на Илија Димовски - Гоче во Алејата на великаните на на градските гробишта Бутел

Во алејата на великаните на градските гробишта Бутел во Скопје денеска беше одржана комеморација со откривање на спомен-биста на Илија Димовски - Гоче, командант на Првата македонско-егејска ударна бригада на Народно-ослободителната војска на Македонија.
Со благослов на архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, панихида отслужија свештеници на МПЦ-ОА. За животот и делото на Илија Димовски Гоче зборуваше Ицо Најдовски Перин од Мелбурн, Австралија.
Во соопштението од организаторите се вели дека „една благородна иницијатива на Здружението на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, Форумот за човекови права на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и Светскиот Македонски Конгрес, со донација на Македонците во Австралија и Канада, заврши со реконструкција на гробното место на легендарниот командант Илија Димовски Гоче“.
- Од запустен и од речиси сите заборавен гроб, со финансиска поддршка на Македонци од Австралија и Канада, вечното почивалиште на Илија Димовски Гоче во алејата на великаните на градските гробишта Бутел добива уредено гробно место со спомен-биста за вечен помен и спомен на еден прекален Македонец, борец од Втората светска војна, се посочува во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Бислимоски поднесе оставка
-

По најавите на Касами за смена на министри, Мицкоски му врати дека тој одучува кој ќе остане во Владата
-

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата
-

Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
-

Одбраната на Васев го негира вештачењето на словенечкиот онколог
-

На Клинички ќе има четири вида на плаќање, а цените ќе ги одредува советот на Град Скопје
-

ССМ на блокада пред Стопанската комора
-

Мицкоски бара извинување од Трендафилов за навредите кон Стојаноска
