Бизнис
13. December 2021 - 21:13

Пандемијата го зголеми користењето на интернетот - најмногу сепак за забава

Ковид пандемијата, рестрикциите, карантините го зголемија користењето на интернет кај граѓаните. Онлаjн купувањето бележи пораст од 15,5%, додека електронското банкарство за 104 отсто оваа во однос на минатата година. Според податоците на државната статистика, интернет користат 86,4% од граѓаните на возраст од 15 до 74 години. Мажите се поактивни отколку жените, а секојдневно интернет користи 80,5% од попопулацијата. 

Во однос на навиките, најмногу се користи за телефонирање, над 90%.. за социјални мрежи, 85 осто и за праќање пораки. Намалку се користи за купување произвди. Најчесто се купува облека и тоа од домашни е-продавници. Но сумата која се издвојува е ниска. Според истражувањето, се купува еднаш до 2 пати во едно тромесечје и тоа во вредност до 50 евра. 

За да се зголеми електронската трговија, експертите неколку пати алармираа државата да најде начин да ја сузбие нелојалната конкуренција, однсно да ги елеминира нерегистрираните трговци. Социјалните мрежи се преплавени со реакции од граѓани кои купуваат еден призвод, а добиваат друг, или со  лош квалитет, или отштетен. Продавачот наместо замена, ги блокира. Населението е измамено, но нема доказ, односно фискална  сметка, а државата отштетена, бидејќи трговците не плаќаат данок.

Според неофицијални податоци, годишно дури 20% од продажбата на произвдои, се одвива токму преку нерегистрарани трговци.