Пет референдуми денеска и утре се одржуваат во Италија – Мелони и власта воздржани
Во Италија, денеска и утре се одржуваат пет референдуми.
Четири од нив се однесуваат на трудовото законодавство и се иницирани од синдикатот Општа италијанска конфедерација на трудот (CGIL). Петтото прашање се однесува на стекнувањето италијанско државјанство – иницијатива на проевропската партија „Повеќе Европа“, неколку мали левичарски партии и граѓански организации. Собрани се над 630.000 потписи, а Уставниот суд на 20 јануари 2025 година одлучи дека референдумот може да се одржи.
Со ова прашање се предлага намалување на законскиот услов за постојан престој на државјаните од земји надвор од ЕУ – од 10 на 5 години – за добивање италијанско државјанство.
Трите главни партии од владејачката коалиција – крајнодесничарската „Италијански браќа“ на премиерката Џорџа Мелони, „Лига“ на вицепремиерот Матео Салвини и центро-десничарската „Форца Италија“ на вицепремиерот и министер за надворешни работи Антонио Тајани – најавија дека ќе се воздржат од гласање по сите пет прашања. Малиот коалициски партнер „Ние, умерените“ на Маурицио Лупи ќе гласа „против“ сите прашања.
Опозициската Демократска партија објави дека ќе гласа „за“ на сите пет референдуми.
Премиерката Мелони изјави дека ќе оди на гласање, но нема да подигне гласачки ливчиња. Опозицијата го оцени тоа како навреда кон граѓаните. Мелони одговори дека и левицата во минатото го правела истото и ги обвини дека иницираат референдуми за теми што можеле да ги решат преку законски измени додека биле на власт.
Ново на Сител
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување
-
Владата го демантира СДСМ: Нема набавка на нов софтвер
-
Одморалиштето „Пониква” станува центар за рехабилитација на повредените од пожарот во Кочани