Пикот на сезонскиот грип ќе биде во наредните две до три недели, изјави Алиу

Пикот на сезонскиот грип ќе биде во наредните две до три недели. Секоја година во овој период имаме зголемување на бројот на пациенти со грип кои бараат здравствени услуги, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу.
Во моментов, појасни тој, нема зголемен број заболени од грип за да се каже дека тој е алармантен споредено со претходните години.
- Се уште не сме во тој пик на сезонскиот грип за да правиме соодветна компарација меѓу оваа и претходната година. Задоволство ми е да информирам дека оваа година првпат 77.000 граѓани веќе се вакцинираа против грип. Тоа е најдобриот пристап за да се креираат услови за да може телото да биде заштитено од сезонскиот грип, посочи Алиу.
Потенцира дека останале уште 3.000 вакцини против грип.
- Граѓаните за вакцинација не треба да се пријават во системот за вакцинација, туку можат директно да одат во здравствените институции да се вакцинираат. Ова е единствениот начин како ние можеме да ги заштитиме нашите граѓани особено популацијата која е во тој кластер на сензитивност - постари лица, бремени жени, здравствени работници, додаде Алиу, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата по повод кампањата за подигнување на свесноста за опасностите од употребата на пиротехнички средства.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

75 годишна жена почина - Возачот побегнал откако ја прегазил во центарот во Скопје
-

Филипче не се откажува од техничка Влада, Мицкоски пак, не се откажува од лидерска средба
-

Обвинителката Ленче Ристоска бара извинување од премиерот Мицкоски, од Влада велат дека се зачудени
-

Во недела ќе се бира градоначалник во четири општини
-

На располагање сите човечки и материјални ресурси
-

Зголемен број на пациенти со грип на инфективна после нова година - Едно лице е во критична состојба
-

Лажен лекар успеал со измама да „заработи“ близу 20 000 евра
