-->
-->
Пилана од Делчево нелегално сечела дрва, запленети 19 метри кубни дрва | ФОТО
-->

Полициски службеници од ОВР Делчево, по претходно добиени оперативни сознанија, во содејство со инспектори по шумарство од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Шумска полиција, на 14 и 15.04.2026 на неколку локации во Делчево и с. Бигла запленија 19 метри кубни нелегално сечени дрва, и тоа 5,19 м3 борови дрва и 13.86 м3 дабови дрва.

Дрвата се одземени од страна на Шумска полиција Делчево и по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 69 од Законот за шуми против правно лице- пилана во с. Бигла, сопственост на В.С. (69) од с. Лески, како и против Г.Г.(65) и М.Г. (69), двајцата од с.Бигла.


-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сведоштво на Дарко Стојанов за кобната вечер во „Пулс“: Ниту денеска не знам кој ме извади онесвестен
-

Сведоштва на лекари и сестри за трагедијата од Кочани
-

Што направи државата по пожарот во Kочани?
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

Средношколците од Струмица засадија дрво во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани
-

Ново зголемување на цената на горивата
-

Трамп бара учество на НАТО во Ормускиот теснец
-

Гаши за Изборниот законик: Јас сум за отворени листи
