Почина холивудската икона Роберт Редфорд
Во планините на американската држава Јута, опкружен од најблиските, на 89-годишна возраст почина американската актерска легенда, иконата на Холивуд, Роберт Редфорд, пренесе Би-Би-Си.
Роберт Редфорд во подоцнежните години стана и запажен и наградуван режисер.
Неговата публицистка, Синди Бергер, наведе дека актерот починал денеска во својот дом „во Санденс во планините на Јута – местото што го сакаше, опкружен со оние што ги сакаше“.
- Многу ќе ни недостига, рече Бергер, додавајќи дека семејството бара приватност.
Роберт Редфорд беше познат по своите улоги во филмовите „Стинг“ и „Буч Касиди и Санденс Кид“, и освои Оскар како режисер.
Роден во округот Лос Анџелес, тој почнал да се појавува на сцената кон крајот на 1950-тите, пред да започне телевизиска кариера во 1960 година и да го има своето филмско деби во филмот „Воен лов“, пренесува Би-Би-Си.
Номинацијата за Оскар за најдобар актер ја доби во 1973 година за неговата изведба во филмот „Убод“.
Во 1980 година, го имаше своето режисерско деби со „Обични луѓе“, филм што освои четири Оскари, вклучувајќи ги и најдобар филм и најдобар режисер.
Во 2002 година тој го доби почесниот Оскар за животно дело.
Редфорд беше познат и по основањето на филмскиот фестивал „Санденс“ во Јута, на кој се промовираат независните филмови.
Во 2018 година, тој објави дека филмот „Старецот и пиштолот“ ќе биде неговата последна улога на екранот.
Роберт Редфорд ја остава зад себе својата сопруга Сибил Сагарс, со која се ожени во 2009 година.
Претходно беше во брак со Лола Ван Вагенен – двојката имаше четири деца пред да се разведе во 1985 година.
МИА
Ново на Сител
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро
-
Модернизација и поголема финансиска поддршка, услови за напредок на македонското земјоделство
-
Полицијата истражува дали пожарот во Дрисла е подметнат
-
Тема на денот со Ана Каранфилова Мазневска, раководител на сектор за отпад во МЖСПП
-
Дрисла чади 4 ден, надлежните утре влегуваат со нова механизација
-
Партиите ги финализираат списоците со кандидати за градоначалници и советници - утре на полноќ истекува рокот за поднесување