Почина масовниот убиец од Краков: Усмрти шест лица, а рани уште 15
Дваесет и четиригодишниот напаѓач кој во саботата уби шест лица и рани уште 15 во полскиот град Краков, почина утрово во болница, потврди полската полиција.
Напаѓачот беше во критична состојба откако беше застрелан при полициска интервенција, со која беше запрен неговиот крвав напад. Тој претходно бил подложен на неколку операции, но лекарите не успеале да му го спасат животот.
Трагедијата се случи во саботата, на 7 ноември, кога 24-годишниот Полјак со автомобил влегол на главниот плоштад во Краков и почнал да пука кон случајни минувачи. Во нападот загинале шест лица, меѓу кои четворица полски државјани, еден Британец и една Австријка.
По масакрот, полицијата во семејниот дом на напаѓачот, во градот Островјец Швјентокшиски, ги пронашла безживотните тела на неговите родители и 21-годишната сестра. Според првичните сознанија, сите тројца починале од прострелни рани, а истражителите се сомневаат дека и тие биле убиени од 24-годишникот.
Полските власти соопштија дека напаѓачот бил фасциниран од екстремно десничарски идеологии, додека премиерот Доналд Туск го оцени нападот како терористички чин.
Обвинителството отвори истрага за тероризам и повеќекратни убиства, а надлежните продолжуваат да ги утврдуваат мотивите и сите околности на трагедијата што ја потресе Полска.
Ново на Сител
-

ДУИ обвинува за јазична дискриминација, ИЈЗ тврди дека нема неправилности
-

Тема на денот со Кирил Миноски, поранешен министер за финансии
-

Мицкоски: Алта банка ќе биде спасена, следниот месец оди на аукција за продажба
-

Исплатата од „Алта банка“ започна и во Струмица, но со неколкучасовно доцнење
-

Цените на горивата паѓаат, животните трошоци растат
-

Нема неправилности во работата на ЦСР Гевгелија за убиството на 17-годишната Билјана
-

Судењето за Ива Михаилова продолжи во нејзино отсуство
-

УГД ги суспендираше двајцата осомничени вработени
