Почнува судењето на поранешниот директор на Онкологија, Васев, и тројца онколози за несовесно лекување пациенти
Во Основен кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и тројца лекари онколози за несовесно лекување на пациенти.
Првиот обвинет, Васев како директор на Клиниката, во соизвршителство со друг лекар на истот оддел, се товари дека извршил продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување болни“.
Во обвинителниот акт стои дека со медицинските вештачења е утврдено дека кај 29 пациенти првообвинетиот применил очигледно неподобен начин на лекување и спротивно на тековните онколошки упатства, со отстапувања во дозирањето и во фазата на лекување, давал лекови од новите генерации на таргет и имунотерапија со што тешко го нарушил здравјето на пациентите. Во дел од случаите ова му било овозможено од втората обвинета која му ставила на располагање свој факсимил со кој одобрувал и препишувал терапија и свое корисничко име и лозинка со кои радолжувал терапија во ХИС системот на Јавна здравствена установа Универзитетска клиника за онкологија и радиотерапија.
Другите двајца лекари се товарат за основното кривично дело „несовесно лекување болни“, сторено како продолжено кривично дело.
Врз основа на медицинските истории за овие двајца обвинети лекари е утврдено дека одредувале терапија со лекови од новите генерации на таргет и имунотерапија во фаза на лекувањето кога било многу очигледно дека пациентите од таквиот лек воопшто нема да имаат корист поради лошиот перформанс статус и немањето време да се развие механизмот на дејство, без да биде наведена телесна тежина и висина на пациентите, со отстапувања во дозирањето, со што дополнително ја влошиле нивната состојба.
Во случајот „Онкологија“, обвинителство поднесе уште едно обвинение кое се уште е на оценување во Кривичниот суд, и се однесува за економското работење на Клиниката, во кое првообвинет, исто така, е поранешниот директор Васев, заедно со поранешниот економски директор на Клиниката. Двајцата директори се обвинети за злоупотреба на службена положба, измама и проневера во периодот од 2018 до 2022 година, при што со незаконски постапки за набавка на лекови му нанеле штета на државниот буџет од над 2,2 милијарди денари. На Васев и Нухи, за овој случај им беше определен 30 дневен притвор на 20 јуни годинава.
Во обвинителниот акт стои дека тие, спротивно на законите и без валидна документација, овозможувале исплати од Фондот за здравствено осигурување, со што добавувачите прибавиле корист од над 430 милиони денари. Дополнително, медицинскиот директор фиктивно раздолжувал лекови и присвоил дел од нив, со што лично прибавил имотна корист од најмалку 13 милиони денари.
Предметот „Онкологија“ беше оформен во јануари годинава по допрен глас врз основа на повеќе новинарски истражувања, кои укажуваа на определени неправилности, констатирани и во извештајот на Државниот завод за ревизија во врска со работењето на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија – Скопје.
Истрагата ОЈО Скопје ја заврши на 22 мај годинава и до Кривичен поднесе две обвиненија за предметот „Онкологија“.
На прес-конференција со предметната јавна обвинителка Ана Гоговска Јакимовска, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, рече најголемиот предизвик биле медицинските вештачења, кои за да се обезбеди непристрасност на постапката, се правени во Србија и Словенија.
–Од сите прегледани медицински истории, од техничките советници на истрагата, 65 истории на онколошки пациенти беа издвоени, испратени и анализирани од експертите. Во висок процент од нив, согласно мислењата на вештите лица од струката, и од Словенија, и од Србија, терапијата не била давана онака како што предвидуваат протоколите за лекување на овие болести, рече Коцевски.
Обвинителниот акт за случајот „Онкологија“ кој се однесува на третманот на пациентите Советот за оцена на обвинител акт при Основниот кривичен суд Скопје го одобри во целот на 5 јуни годинава, по што со АКМИС ситемот беше распределен кај судијката Снежана Марковска, која го водеше и предметот за прегазувањето на Фросина Кулакова на прешачки премин на „Партизанска“ во Скопје.
Нино Васев во декември 2023 година доби ослободителна пресуда во предмет во кој беше обвинет за несовесно работење во службата, заедно со уште двајца доктори, по поднесена кривична пријава од семејство на починат пациент во 2018 година.
Судијката Славица Наумовски, на изрекувањето на пресудата, во Основниот кривичен Скопје Скопје, рече дека обвинетите Никола Васев, Игор Стојковски и Марија Симоновски се ослободуват од обвинението, со оглед дека од изнесените докази во текот на потапката не е докажало делото што им се става на товар.
Ново на Сител
-
Тошковски изрази сомнеж дека инцидентот со Арсовска е добро смислено сценарио
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
Со тупаници нападната скопската градоначалничка Данела Арсовска при увид на дивоградба во Чаир
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Интензивно се работи на автопатот Прилеп - Битола, Бехтел и Енка бараат уште околу 400 работници
-
Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир
-
Убиениот кај Батинци е припадник на АРМ - имал прострелни рани во градниот кош