Полицијата изрече 208 казни во текот на вчерашниот ден во Скопје, 99 од нив за возачи на мотоцикл
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 208 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 29 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 99 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се осум мерки за нерегистрирани возила, 18 санкции за возење под дејство на алкохол, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за возач почетник...
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-

СДСМ: Доаѓаат мигранти
-

Се зајакнува соработката меѓу САД и Македонија
-

Бојкот во Управата за матични книги
-

Реевалуација за повредените во „Пулс“
-

Охрид има капацитет за привлекување туристи во текот на целата година
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
