-->
-->
Полска рано утринава го затвори воздушниот простор на југоисточниот дел од земјата
-->
Полска го затвори воздушниот простор во близина на градовите Лублин и Жешов на југоистокот од земјата до најмалку 6 часот изутринава поради „непланирани воени активности поврзани со обезбедување на државната безбедност“, објави службата за следење на летови Флајтрадар24.
Полските вооружени сили објавија дека подигнале авиони за да ја осигурат безбедноста на нивниот воздушен простор откако Русија започна напад врз Украина.
„Во врска со активноста на руската авијација со долг дострел што извршува напади на територијата на Украина, полските и сојузничките авиони почнаа да дејствуваат во нашиот воздушен простор“, соопшти полската војска во објава на платформата Икс
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Украина под огромен руски напад
-
Преглед на вестите од светот
-
Сиљановска Давкова и Муцунски ја продолжуваат посетата на САД во Детроид на средба со дијаспората
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и врски
-
Анкета на МКД.мк: ВМРО-ДПМНЕ И Мицкоски имаат најголема доверба кај граѓаните
-
За Мицкоски СДСМ одработува за туѓа агенда, за Филипче предлог резолуцијата е најпатриотскиот документ
-
Нови казни, стари навики
-
Што ќе покаже стручниот надзор за седумгодишното дете кое почина во тетовската болница?