Полска затвори два аеродрома поради руските напади врз Украина

Два аеродрома во југоисточна Полска се затворени како мерка на претпазливост поради руски напади врз блиска украинска територија, соопштија денеска полските власти.
„Во врска со потребата да се обезбеди можност за слободно работење на воената авијација, аеродромите во Жешов и Лублин привремено ги прекинаа летовите“, објави Полската агенција за воздушна навигација на „X“.
Двата града се блиску до границата со Украина, а Жешов е главен центар на НАТО за снабдување со оружје на Украина.
Воздухопловните сили започнаа да работат во полскиот воздушен простор поради руските напади врз Украина, објави Оперативната команда на полските вооружени сили на „X“.
„Овие акции се превентивни по природа и имаат за цел обезбедување и заштита на воздушниот простор, особено во областите во непосредна близина на загрозените региони“, соопшти војската. Армијата објави дека немало нарушување на полскиот воздушен простор.
Службата за следење на летови „Флајт радар 24 објави на „X“ дека затворањата вклучуваат авиони на НАТО кои дејствуваат во областа. Федералната администрација за воздухопловство на САД во соопштението наведува дека двата аеродрома не се достапни поради воени активности поврзани со обезбедување на националната безбедност.
Минатиот месец, Жешов и Лублин привремено ги прекинаа операциите, но властите во тоа време изјавија дека воените воздушни операции се рутински и дека нема закана за полскиот воздушен простор.
МИА
Ново на Сител
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
-

Растот на платите за 40% до 2028 за административците прифатлив за 95% од синдикалците од УПОЗ
-

Нема да се прави ребаланс на буџетот за минималец од 600 евра
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

ДУИ против укинувањето на Пржинската влада
-

Нов закон за високо образование - квалитет во студирањето и повеќе мака за стекнување докторска титула
