Поскапуваат горивата

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64 отсто во споредба со претходната одлука.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе изнесува 75 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 77, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 68, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 67,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за за 0,378 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 38,265 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,985 отсто, кај дизелот за 1,915 и кај екстра лесното масло за за 1,244 отсто, додека кај мазутот има намалување за 1,246 отсто. Курсот, пак, на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1230 отсто.
МИА
Ново на Сител
-

Прв академски час, но и први студентски предизвици
-

Вештакот на Јованов тврди: „Пулс“ не бил реконструиран, туку само ентериерно уреден
-

Уапсени 20 лица во акцијата во Прилеп
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Филипче: Собранието да го донесе законот за 600 евра минималец
-

Општина Охрид се подготвува за затворање на депонијата Буково
-

Дрвокрадството во последните неколку години намалено за 30 отсто
-

Преглед на вестите од светот
