Потребите за електрична енергија непречено се задоволуваат, викендов санација на Блок 1

АД Електрани на Северна Македонија соопшти дека Блок 1 во РЕК Битола се санира во текот на денешниот и утрешниот ден и од страна на стручните екипи се отстрануваат пречките во делот на кондензаторот и на дел од цевководниот систем во постројката. Застојот е плански изведен за време на викендот поради вообичаено намалениот конзум, а потребите за електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи непречено се задоволуваат.
Според ЕСМ, работниците во РЕК Битола непрекинато и со засилен интензитет ги изведуваат работите за санација на Блок 1, блокот се враќа на мрежа од понеделник, до крајот на неделата е планирано стартување на РЕК Осломеј, додека следната недела се вклучуваат ТЕЦ Неготино и Блок 3 на РЕК Битола, со што ќе бидат ставени во функција сите електрани во системот на АД ЕСМ или со кои АД ЕСМ има договор за деловно-техничка соработка.
Ново на Сител
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
-

Марш за Скопје без бариери
-

Угостителите на удар од инспекторите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика
