Пожар во хотел во популарно одморалиште во Белгија, нема жртви

Пожар избувна синоќа во кујна во хотел со пет ѕвезди во популарното белгиско одморалиште Кноке-Хајст на брегот на Северното Море во близина на границата со Холандија.
Како што јавија белгиските медиуми повикувајќи се на претставник на локалната противпожарна служба, при пожарот немало „пријавени повредени“ меѓу гостите и вработените во хотелот.
Алармот за пожар во хотелот се активирал нешто по 20 часот, откако се запалил еден од апаратите во кујната.
– Практично немаше опасност за ниту еден од присутните, освен за персоналот во кујната, изјави претставникот на противпожарната служба Мајкл Гонзалес.
Тој информира дека околу 40 гости и персоналот на хотелот биле евакуирани од објектот и времено сместени во блиското казино.
Пожарот бил набрзо изгаснат, предизвикувајќи само материјални штети во кујната.
– Извршивме темелна инспекција. Имаше чад и штета од пожарот, но генерално беше ограничена на кујната, додаде Гонзалес.
Инаку, Кноке-Хајст важи за најпознато и најекслузивно одморалиште на белгискиот брег на Северното Море.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
