Македонија
15. July 2025 - 9:56

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

На 14.07.2025 во 17.15 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Т.Н.(18) од Радовиш.

При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена е марихуана и дробилка со остатоци од растителна материја. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот против Т.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.