-->
-->
Приведен 50-годишник во Прилеп, управувал возило под дејство на алкохол
-->
На 27.09.2025 во 03:45 часот на ул.„Борка Талески“ во Прилеп, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Прилеп го лишија од слобода М.Џ.Х.(50) од Англија, со привремен престој во Прилеп.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници запреле патничко возило „сеат“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал и по извршена контрола констатирано е дека го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,60 промили алкохол во крвта.
Лицето е задржано во полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Алармантна состојбата со недостиг од медицински сестри
-
Хуманитарен пикник на „Алкалоид” - собрани над 1,8 милиони денари кои одат за Црвен Крст
-
Екологистите бараат крај на палењето стрништа и пластика и системски решенија
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
11 полицајци од СВР Велес на дисциплинска за случајот со убиената Росица
-
Полицијата денеска со опомени за оние кои со телефон и слушалки поминуваа улица, од утре ќе казнува