Променливо облачно

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер. Во североисточните подрачја ќе има услови за локален слаб дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 21 степен Целзиусов.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 19 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до вторник времето ќе биде претежно стабилно со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Кон средината на следната седмица под влијание на влажна и посвежа воздушна маса ќе има услови за локални врнежи од дожд и опаѓање на дневната температура за неколку степени.
МИА
Ново на Сител
-

Со 21 милион евра заем од ЕБОР државата ќе купува пет електрични локомотиви
-

Мирослав Илиевски од Крива Паланка е добитник на автомобил од наградната игра на „Рамстор”
-

Пред празничниот период грипот почна да зема замав
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е лицемерен
-

2025-та поразителна за текстилната индустрија
-

Струмичани Новата година ќе ја дочекаат скромно, без големи трошоци
-

Преглед на вестите од светот
