-->
-->
Работник на ЕВН починал додека извршувал работни задачи во Кривопаланечко
-->

На 16.06.2026 во 13:00 часот во ОВР Крива Паланка, од Јавната здравствена установа Крива Паланка е пријавено дека на место викано „Пољана“ во село Огут, кривопаланечко, има починато лице.
По преземени мерки било констатирано дека се работи за С.Ј.(52) од Крива Паланка, вработен во ЕВН, кој починал додека извршувал работни задачи, соопштија од полицијата во дневниот билтен.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Крива Паланка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не реагирал додека бил министер за здравство
-

Надминат проблемот со откупот на млекото
-

Неопходно е да се работи на проширување на сезоната
-

СДСМ: Мицкоски кривично да одговара за Гостивар
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
