Различни бројки за загинати во Иран

Разни агенции, медиуми и невладини групи објавуваат извештаи за повеќе илјади жртви во неодамнешните немири во Иран, што би претставувало најголем број на настрадани во протести од Исламската револуција во 1979 година.
Информациите што ги изнесуваат различните агенции и медиуми значително се разликуваат.
Американската новинска агенција Human Rights Activists News Agency (HRANA), која повеќе од 20 години ги следи протестите во Иран, наведува дека се убиени најмалку 2.000 луѓе, од кои 1.850 демонстранти. Претставници на агенцијата вчера изјавија дека дотогаш идентификувале околу 500 жртви и додадоа дека се уапсени повеќе од 16.000 демонстранти.
Од друга страна, Iran International проценува дека само на 8 и 9 јануари во протестите се убиени најмалку 12.000 луѓе. Станува збор за персиски информативен телевизиски канал со седиште во Британија, кој се поврзува со саудиската влада, а своите бројки ги заснова на извори во земјата и медицински податоци.
– Врз основа на достапните податоци и вкрстената проверка на информациите добиени од сигурни извори, вклучувајќи го Врховниот совет за национална безбедност и претседателскиот кабинет, првичната проценка на безбедносните институции на Исламската Република е дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во ова национално убивање, соопшти медиумот.
МИА
Ново на Сител
-

ДУИ одлучи да оди на лидерска - за сите прашања ќе одлучува Ахмети
-

Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер
-

Ахмети ќе присуствува на лидерската средба
-

Утре на пладне лидерска средба, само Филипче писмено го одбил Мицкоски
-

Во притвор заврши лицето кое ја оштети вратата на бугарската амбасада во Скопје
-

Судски совет распиша оглас за избор на уставен судија, одлуката на Управен суд била преседан
-

Саит Саитов кој со „пасат“ усмрти жена кај Капиштец претходно бил казнуван за управување возило без возачка дозвола
-

Угостителите не кажуваат какви забелешки имаат за новиот закон за заштита од пушење
