-->
-->
Рјабков: Русија сè уште нема јасна претстава за состанокот за Украина во Берлин
-->

Русија сè уште нема јасна претстава за тоа што е договорено на состанокот во Берлин меѓу Украина, САД и Европската Унија, изјави заменик шефот на руската дипломатија, Сергеј Рјабков.
-Немаме поим што се случи таму, изјави Рјабков за Еј-Би-Си, додавајќи дека, иако Москва не ги разбира деталите од постигнатите договори, Русија сака да го заврши конфликтот во Украина и ги поздравува напорите на американската администрација во таа насока.
Лидерите на десет европски земји и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера учествуваа на состанокот во Берлин, што имаше за цел да ги поддржи разговорите меѓу САД и Украина, објавија руските медиуми.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
