Рубио: Иран моли за договор

Американскиот претседател Доналд Трамп во американската држава Џорџија изјави дека „Иран не е подготвен да склучи договор, но дека ќе биде многу наскоро“. Трамп им рече на своите поддржувачи во градот Мариета дека војната со Иран е „измама“ и дека Иран всушност сака да склучи договор иако постојано има нови барања, објавува „CBS News“.
„Но, јас велам дека тие не се подготвени да склучат договор. Бидејќи секој пат кога ќе склучат договор, тие сакаат да го променат него и сè друго.
Тие не се подготвени. Но ќе бидат подготвени многу наскоро“, рече Трамп. Американскиот претседател рече дека на Америка не ѝ е потребен Ормускиот теснец затоа што веќе има доволно нафта.
„Не ни требаат теснеци. Не ни треба ништо.
Не ни е потребен Ормускиот теснец, но го правиме тоа затоа што мораме, затоа што не можеме да дозволиме Иран да има нуклеарно оружје“, им рече Трамп на поддржувачите, објавува Танјуг. Според него, САД се најголемиот производител на нафта во светот, но нестабилноста во регионот на Персискиот Залив продолжува да влијае на цените на нафтата, а многу други земји се снабдуваат со нафта од Иран или арапските земји кои во голема мера зависат од Ормускиот теснец.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски - коалиција „Сите за правично судење“
-

Утре Брвеница бира нов градоначалник
-

Македонската Народна банка ги следи ризиците откако српската „АЛТА банка“ остана без дозвола за работа
-

Три случаи на морбили во Македонија - опасност од ширење на локално ниво
-

Охрид една од најбараните локации за купување станови
-

Собирен центар за текстилен отпад во Штип
-

По 19 пат „Фестивал на костенот“ во М. Брод
-

Само 8% од ромките се вработени, економска зависност и насилство
