Рубио: Русија подготвува документ со барања за прекин на огнот во Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио по телефонскиот разговор со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека Русија подготвува документ во кој ќе бидат наведени барања за прекин на огнот во Украина што би довело до преговори за траен мир.
Рубио во интервју за Си-Би-Ес изјави дека украинската страна ќе работи на свој предлог и изрази очекување дека брзо ќе бидат дадени предлози за продолжување на преговорите.
Рубио истакна дека ќе биде добро доколку двете страни дадат предлози во следните неколку дена и ако се реални и рационални во својот пристап.
Тој оцени дека директниот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски би имал поволен ефект врз напредокот на преговорите и изрази очекување дека тоа ќе се случи наскоро.
-Ако тие листи имаат идеи кои се реални и рационални, тогаш мислам дека сме постигнале напредок. Ако тие документи, од друга страна, имаат барања за кои знаеме дека се нереални, тогаш ќе имаме поинаква проценка- изјави Рубио.
Тој посочи дека тоа не смее да биде процес само на бесконечни разговори, туку мора да има одреден напредок.
Рубио рече дека разговарал со Лавров за време на преговорите меѓу руската и украинската делегација во Истанбул на 16 мај.
Тој оцени дека разговорите во Истанбул не биле губење време бидејќи е постигнат договор за размена на 1.000 за 1.000 воени заробеници.
На прашањето дали Русија се обидува да купи време преку преговори, Рубио рече дека тоа ќе се открие сега.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
-

Мицкоски го повика Обвинителството да провери дали СДСМ крева паника со мигрантите
-

Мицкоски: Со „ЗНАМ” во Владата функционираме стабилно
-

Поранешниот правобранител Фехми Стафа е уапсен за земање поткуп од 50.000 евра за да влијае врз судија
-

Конференција на ЛДП: Проширувањето на ЕУ клучно за стабилна Европа
-

Мицкоски: Трезорот не се затвора утре - административците ќе добијат плата и К15
-

Возењето е успорено поради „Сејф сити“
