Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно богат за да си купи оружје

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека американскиот претседател, Доналд Трамп, верува дека Израел е „доволно напреден и богат“ за да си купи американско оружје без да се потпира на воена помош.
Тој пред новинарите на состанокот на Г7 во Париз изјави дека Трамп сака што поскоро да го прекине сегашниот финансиски договор со Израел, објави „Тајмс оф Израел“.
„Преговараме за меморандум за разбирање, но очекувањето на претседателот е дека Израел сега е доволно напреден и богат за да биде купувач. Тие можат да купуваат оружје од нас, но ние повеќе не мора да го обезбедуваме финансирањето“, рече Рубио.
Според него, Израел, исто така, произведува оружје, па затоа дел од меморандумот за разбирање би ја вклучил можноста за заедничко производство.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно оваа година изјави дека сака да го повлече Израел од американскиот систем за помош во следните десет години, но Трамп минатата недела навести дека тоа може да се случи до крајот на годината.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Стојановска Иванова, универзитетски професор
-

„Ниту една повеќе“ – Протест во Скопје по убиството на 17-годишната Билјана Кириќ
-

11 пријави за семејно насилство за 24 часа – Над 1.400 жртви за девет месеци
-

Филков: Брисел го препозна напредокот во правосудството
-

Партиски обвинувања за работењето на Алта банка
-

Петте случаи на морбили се аларм за колективниот имунитет
-

УГД ги отвора вратите за европските студенти преку Еразмус
-

Струмички „Комуналец“ се модернизира, за три месеци обезбедена механизација вредна 20 милиони денари
