САД и Кина одржаа трговски консултации пред средбата Трамп – Шји

Кина и САД вчера одржаа консултации за трговските прашања, само неколку дена пред планираната средба помеѓу претседателите на Кина и на САД, Ши Џинпнг и Доналд Трамп.
Како што денеска соопшти кинеското Министерство за надворешни работи, првиот состанок на заедничкиот трговски совет се одржа вчера преку видеоконференција, а се разговарало за евентуално намалувања на царините во вредност од 30 милијарди долари, земјоделска трговија и други теми.
Во соопштението на кинеското МНР се наведува дека првиот состанок на трговскиот совет бил „отворен, темелен и конструктивен“.
Конкретните резултати од разговорите сè уште не се познати.
Билатералниот трговски механизам првпат беше договорен во мај за време на самитот меѓу Доналд Трамп и Си Џинпинг во Пекинг, а беше дополнително доработен на последователниот состанок во Вашингтон во септември.
Според Белата куќа, Трамп и Ши ќе се сретнат на 19 ноември на маргините на Самитот на Азиско-тихоокеанската економска соработка (АПЕК) во Шенжен.
На Самитот на АПЕК планирана е и трилатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Алта банка ќе биде спасена, следниот месец оди на аукција за продажба
-

Исплатата од „Алта банка“ започна и во Струмица, но со неколкучасовно доцнење
-

Цените на горивата паѓаат, животните трошоци растат
-

Нема неправилности во работата на ЦСР Гевгелија за убиството на 17-годишната Билјана
-

Судењето за Ива Михаилова продолжи во нејзино отсуство
-

УГД ги суспендираше двајцата осомничени вработени
-

Мицкоски: Mакедонскиот јазик мора да биде франка лингва во правосудниот систем
-

Нов модел на студентско стипендирање
