Се санира мостот во Карбинци
Десет месеци по оштетувањето на мостот во општина Карбинци од поплавите во декември минатата година, започнаа градежните работи за санација. Инвестицијата е во висина од околу 10 милиони денари, од кои 5, 8 милиони денари одвои Министерствто за локална самоуправа, преку Програмата за диспаритети, која има вкупен буџет од 1,5 милиони евра за помош на општините.
Ова Програма е таква, едногодишна, отворена, така што можевме да интервенираме. Ова навистина претставува еден голем проблем за жителите, зашто гледате дека мостото иако е небезбеден и официјално забранет за сообраќај, сепак се користи од страна на жителите, бидејќи е најблиската точка до Штип и со сите правци кои што ја поврзуваат општина Карбинци со остатокот од државата-изјави Горан Милевски, министер за локална самоуправа.
Милевски додаде дека засега економската криза не влијаела во реализацијата на општинските проекти кои се финансираат со средства од Министерството, а неделава ќе се донесе и одлука за донацијата на Швајцарската амбасада за осумте плански региони, во вкупна вредност од 6 милиони евра.
Комисијата која што работеше на оценување на проектите, веќе ги дефинира и оваа недела ќе објавиме конкретно кои плански региони имаат позитивно прифатени проекти, а кои региони ќе ги одбиеме заради неквалитетни проекти, изјави Милевски
Планските региони кои во прв момент нема да добијат средства од швајцарската донација, ќе можат да се корегираат, со понуда на квалитетни проекти од региоално значење, а постапката ќе биде повторена. На овој начин ќе им се помогне и на општините, но и на стопанството, зашто во имплементација ќе бидат ангажирани домашни фирми.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар