Македонија
28. January 2026 - 13:44

Штип: 21-годишник ја претепал поранешната сопруга и ја одзел нивната малолетна ќерка

СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.Д.(21) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ и „одземање на дете“.

На 17.11.2025 во  Штип, пријавениот, кој бил со уште две лица, физички ја нападнал неговата 23-годишна поранешна сопруга, а потоа со помош на едно од лицата ја одзел нивната малолетна ќерка.