Штип вечерва ќе им оддаде почит на загинатите во кочански „Пулс“

Штип вечерва ќе им оддаде почит на Филип Ивановски, Дамјан Таневски, Александар Ефремов, Филип Стевановски и на Александар Коларов, кои пред една година починаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во 18.30 часот ќе се постави камен-темелник за изградба на спомен-обележје кај малата фонтана во близина на градскиот плоштад Слобода.
Во рамките на спомен-обележјето ќе има пет гулаби и еден ангел, а ќе бидат изгравирани и имињата на загинатите штипјани. Од Општината велат дека Штип стои заедно со Кочани во овие тешки моменти, обединети во болката, но и во надежта.
Вечерва, на плоштадот Слобода, од 19.10 часот, ќе се палат свеќи во чест на починатите, а настанот ќе заврши во 19.30 часот со симболично ѕвездено небо - момент кога присутните ќе ги вклучат светилките од своите мобилни телефони.
Ново на Сител
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
-

Трипуновски најави нова кампања - ќе одат директно кај земјоделците
-

Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството
-

Се затрупува крушевската депонија за да се спречи нејзино запалување и пожар на околната шума
-

Такси дејноста станува хоби, не професија
-

Двојно поголем интерес за субвенции за возачки во Радовиш од предвиденото
-

Охридската болница станува регионален центар
