-->
-->
Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Турција
-->

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на потресот бил на длабочина од 10 километри, на околу 21 километар од градот Малатија во источниот дел на земјата.
Според првичните информации, засега нема извештаи за повредени лица или за поголема материјална штета.
Очевидци на страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар навеле дека потресот бил силен и дека се нишале лустери и мебел во домовите.
Земјотресот бил почувствуван и во соседна Сирија, како и на Кипар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Обвинетиот за палење на бугарските возила пресудата ќе ја слушне во среда
-

Пензиските друштва предлагаат промени во пензискиот систем
-

Професорот Никола Јанкуловски е нов претседател на Лекарската комора на Македонија
-

Надзорна расправа за работењето на Алта банка
-

Здравствените домови во Југоистокот добиваат нова опрема и амбулантни возила
-

Старите занаети изумираат
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре надзорна расправа за Алта банка во Собрание
