Сиљановска Давкова: Родовата еднаквост не е само статистика, ниту море од бројки, туку реална слика на општествената стварност

Да продолжиме да инвестираме во родовите статистики, да го зајакнеме меѓуинституционалниот дијалог, да изградиме систем на податоци кои не само што ќе информираат, туку и ќе трансформираат, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова во обраќањето на конференцијата по повод јубилејот на Државниот завод за статистика.
Како што истакна Сиљановска Давкова, родовата еднаквост не е само статистика, ниту море од бројки на хартија, туку реална слика на општествената стварност.
-Да создадеме држава во која сите ќе бидеме свесни дека секој податок одразува нечиј живот, секоја бројка раскажува индивидуална вистинска човечка приказна, а трудот на секој човек без разлика на полот и родот треба да биде еднакво вреднуван, сечиј глас слушнат, без оглед дали е гласен или тивок, подвлече претседателката.
На овој втор ден од одбележувањето на јубилејот обраќања имаат и директорот на Државниот завод за статистика Дејан Станков, раководителка на Канцеларијата на UN Women Весна Ивановиќ-Кастаред и амбасадорката на Шведска Ами Ларсон Џаин.
Државниот завод за статистика вчера со свечена академија одблежа 80 години од основањето.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
-

Мицкоски го повика Обвинителството да провери дали СДСМ крева паника со мигрантите
-

Мицкоски: Со „ЗНАМ” во Владата функционираме стабилно
-

Поранешниот правобранител Фехми Стафа е уапсен за земање поткуп од 50.000 евра за да влијае врз судија
-

Конференција на ЛДП: Проширувањето на ЕУ клучно за стабилна Европа
-

Мицкоски: Трезорот не се затвора утре - административците ќе добијат плата и К15
-

Возењето е успорено поради „Сејф сити“
