Сите гранични премини на Србија кон Шенген ќе бидат блокирани на 26 јануари, превозниците бараат ревизија на EES

Возачите на камиони од Србија и од Босна и Херцеговина објавија дека на 26 јануари сите гранични премини за товар кон земјите од Шенген зоната ќе бидат блокирани поради проблемите предизвикани од новиот систем за влез и излез (EES), што ги евидентира влезот и излезот на превозниците. Тие мерки доаѓаат откако, како што наведуваат, Брисел не ги зел предвид барањата и предлозите на превозниците за олеснување на граничните процедури.
Претседателот на Здружението за меѓународен транспорт од Србија, Неѓо Мандиќ, за Јуроњуз Србија објасни дека протестите не се однесуваат на патничките премини, туку исклучиво на товарните терминали, каде што ќе бидат паркирани камиони, така што во ниту еден момент нема да може да се влезе или излезе со стока.
„Увозот и извозот буквално ќе запрат, а синџирите на снабдување практично не функционираат без нашите превозници“, рече Мандиќ .
Тој објасни дека изминатите две години биле посветени на обиди за решавање на проблемот преку дипломатски канали. Тие испратиле писма до Европската комисија и властите во Србија и во БиХ, одржале состаноци во Брисел, но немало конкретни одговори.
„Ништо не се случи. Оставивме рок од месеци и пол за решавање на проблемот, но без резултати. Затоа се одлучивме за подрастични мерки на протест“, рече Мандиќ.
Според него, системот за влез-излез ја загрозува работата на превозниците бидејќи го ограничува бројот на работни денови во Шенген, а постојните билатерални квоти за транспорт меѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ не функционираат како што е предвидено.
МИА
Ново на Сител
-

ДУИ одлучи да оди на лидерска - за сите прашања ќе одлучува Ахмети
-

Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер
-

Ахмети ќе присуствува на лидерската средба
-

Утре на пладне лидерска средба, само Филипче писмено го одбил Мицкоски
-

Во притвор заврши лицето кое ја оштети вратата на бугарската амбасада во Скопје
-

Судски совет распиша оглас за избор на уставен судија, одлуката на Управен суд била преседан
-

Саит Саитов кој со „пасат“ усмрти жена кај Капиштец претходно бил казнуван за управување возило без возачка дозвола
-

Угостителите не кажуваат какви забелешки имаат за новиот закон за заштита од пушење
