-->
-->
Скопјанец доби кривична пријава - успеал да изнуди 2 милиони денари од друго лице
-->
Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Изнуда“ казниво по член 258 од Кривичниот законик, полициски службеници од Одделение за насилен криминал, Единица за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Ј.(38) од Скопје.
Како што соопшти МВР, 38-годишниот маж е приведен вчера, во 11.10 часот на подрачје на Кисела Вода постапувајќи по пријава на 20.02.2023 во 19.00 часот од оштетено машко лице од Скопје дека во временскиот период од август 2022 година до 20.02.2023 пријавениот И.Ј. со закани во неколку наврати му изнудил 2.000.000 денари поради претходен долг на неговиот син.
Известен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Владата избра 9 нови амбасадори
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
-

Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
-

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици
-

Протест на ССМ пред Владата
-

СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира
-

Над 200 милиони евра годишно се даваат како државна помош, но не се знае кој добива и за што
-

Прегазени дете и тинејџер во две одделни сообраќајни несреќи
