Скопје денеска имаше најстудено утро, локален дожд попладне и во текот на ноќта

Во Скопје утрово (мерна станица Петровец) се измерени -3 степени. Како што информира УХМР, минусни температури се измерени и во Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови и Попова Шапка (-2 степена) и во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци и Лазарополе (-1 степен).
Нула степени утрово се измерени во Прилеп, Струмица, Штип и Крушево, 2 во Виница, 3 во Охрид и Гевгелија и 4 степени во Претор.
Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен по должина на Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 15 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Стојановска Иванова, универзитетски професор
-

„Ниту една повеќе“ – Протест во Скопје по убиството на 17-годишната Билјана Кириќ
-

11 пријави за семејно насилство за 24 часа – Над 1.400 жртви за девет месеци
-

Филков: Брисел го препозна напредокот во правосудството
-

Партиски обвинувања за работењето на Алта банка
-

Петте случаи на морбили се аларм за колективниот имунитет
-

УГД ги отвора вратите за европските студенти преку Еразмус
-

Струмички „Комуналец“ се модернизира, за три месеци обезбедена механизација вредна 20 милиони денари
