Со договор за слободна трговија со Турција двојно би се зголемила трговската размена и инвестициите
Повеќе инвестиции и двојно поголема размена со Турција, ако се потпише договорот за слободна трговија, бара бизнисот. Познатите турски брендови веќе се присутни на македонскиот пазар. Ги има во сите области – градежништво, здравство, банкарство, образование, авио транспорт, осигурување. До сега вложени се скоро 2 милијарди долари со што Турција е 5 от најголем инвеститор во земјава. Но простор и можност за повеќе има. Затоа бараат од политичарите да им ги отворат вратите.
Трговската размена меѓу Македонија и Турција е 500 милиони долари годишно, но интенциите , со спроведување на договорот за слободна трговија, се до 2023 да достигне до милијарда долари,а потоа уште повеќе да се зголемува. Затоа бараме еве од господинот Битиќи што поскоро да се потпише тој договор, за да има бенефит за двете држави, изјави Ајдован Адемоски, престедател на УП на Стопанска Комора на Македонија –Турција
Размената меѓу Македонија и Косово, пак, во моментов достигнува 200 милиони долари, но според бизнисмените – потенцијалот, кој треба да се искористи е до милијарда долари . Автопатот до Блаце веќе е изграден, што дополнително ќе го олесни бизнисот.
Како политичари сме тука за да ги отстраниме барикадите кои ја попречуваат соработката, рече косовскиот министер за регионален развој Фикрим Дамка.
Пост ковид периодот треба да биде шанса за зголемена соработка меѓу трите земји. Владата е тука за да создаде услови за тоа, вели вицепремиерот Битиќи.
Ако овие две тешки години ништо не научија, тоа е важноста на блиската соработка и пријателското излегување во пресрет на потребите на другиот, но и важноста на достапноста на материјали, стоки, услуги и луѓе. За мене, „near shoringot” е предноста на нашиот регион, развивањето на вредносните ланци е нашиот потенцијал и предноста која ќе не извлече напред, надвор од оваа криза, рече Битиќи и им порачана на бизнисмените дека неговиот кабинет секогаш е на располагање за да им помогне.
Вицепремиерот Битиќи ги повика земјите- наместо да бидат меѓусебни конкуренти, да се обединат и да направат атрактивен регион.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
