-->
-->
Сообраќајка помеѓу возило на МВР и такси во Црниче
-->

Возило во сопственост на Министерството за внатрешни работи и автомобил „шкода фабиа“ со скопски регистарски ознаки учествувале во сообраќајката несреќа која денеска пред пладне се случи во Црниче.
-На 25.02.2026 околу 11:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Востаничка“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода октавиа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР и патничко возило „шкода фабиа“ со скопски регистарски ознаки. Возачот на возилото „шкода октавиа“ се здобил со повреди и бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираат од МВР.
Увидот е во тек и за незгодата е известен јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола при МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мемеди за Сител: Викендов се очекуваат три чартер лета за евакуација на Македонците од Емиратите
-

Безбедносната состојба стабилна – можни притисоци врз цената на горивата
-

ЕКРИ: Потребна е финасиска автономија на КСЗД и Народниот правобранител
-

Доцни тендерот за лекови за ретки болести
-

Повторно блокади на граничните премини?!
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжи судењето за „Пулс“
-

Седница на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата
