-->
-->
Сообраќајка во Скопје помеѓу „ауди“ и службено возило на МВР
-->

На 18.06.2025 околу 18.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Србија“, ул.„3 Македонска Бригада“ и ул.„12 Македонска Бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(54) од с.Марино, скопско и патничко возило „рекстон“, сопственост на МВР.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот во патничкото возило „ауди“, Б.Ј.(73) од с.Марино, скопско и возачот и двајца полициските службеници, сопатници во службеното возило, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски си поднесе оставка
-

СДСМ ја напушти седницата за пратенички прашања – немало да разговараат за Резолуцијата на мнозинството
-

СДСМ со платформа МИЦКО.мк ги повика граѓаните да пријават корупција, партијата избира ново раководство
-

Министерството за здравство и ОЈО ќе проверуваат дали несоодветно лекување е причина за смртта на новороденче на ГАК
-

Вработените во пералната на Клинички 11 месеци без плата и здравствено осигурување
-

Сомнеж за злоупотреба на речиси 2 милиони евра во Државна лотарија, утврди Заводот за ревизија
-

ЕВН бара поскапување на струјата од 6%, по Нова година
-

Преглед на вестите од светот
