Стабилно време за викендот, од вторник променливо на места со обилни врнежи

Утринските часови ќе донесат пониски температури и услови за појава на магла во одделни котлини, додека преку ден времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб ветер, претежно од југозападен правец.
Минималните температури ќе се движат од –3 до 4 степени, а максималните ќе достигнат од 15 до 19 степени.
Во Скопје, наутро е можна слаба магла во делови од котлината. Преку ден ќе преовладува сончево и претежно тивко време со умерена висока облачност. Температурите ќе се движат од минимални 1 до максимални 17 степени.
Во недела ќе продолжи стабилното, сончево и тивко време, со услови за утринска магла во одделни котлини.
Во понеделник, пак, се очекува зголемување на облачноста, а од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.
Периодот ќе биде проследен со умерен до засилен јужен ветер, со појаки удари кои локално можат да надминат 60 km/h.
МИА
Ново на Сител
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Кичево евакуирани околу 100 граѓани
-

Најмногу заболени од грип во Скопје, Тетово, Куманово, Дебар, а најголема активност на грипот има во Дебар
-

Преглед на вестите од светот
