Судскиот совет ја почна седница за имунитетот и куќниот притвор на судијата Ѓоко Ристов

Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска ја почна 535. итна седница на која треба да одлучи за одземање на имунитетот и за одобрување на предлогот за определување мерка куќен притвор за апелацискиот судија Ѓоко Ристов.
Членовите на Судскиот совет со 10 гласа „за“ го усвоија дневниот ред на седницата, а со исто толку гласови донесоа одлука јавноста да биде исклучена од нејзиниот тек, а ќе може да присуствува на гласањето.
Претходно денеска, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог на осомничениот судија Ристов да му биде определена мерка куќен притвор.
Освен оваа мерка, како што дополнија, предложено е и определување мерка на претпазливост - привремено одземање патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.
Осомничениот апелациски судија се товари за кривичните дела противправно стекнување и прикривање имот (чл. 359-а ст. 3 во врска со ст. 1) и перење пари и други приноси од казниво дело (чл. 273 ст. 1) бидејќи во домот на неговите родителите во Неготино полицијата пронашла 350.000 евра заѕидани во ѕид за кои постои сомневање дека се незаконски стекнати.
МИА
Ново на Сител
-

Обвинителството бара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов
-

Анел Фидоски е избран за шеф на скопското јавно обвинителство
-

Почнува тестирањето на камерите за „Безбеден град“
-

ДУИ го обезбеди мнозинството за Законот за прекршоци, Сејф сити нема да се одложи
-

Почна второто полугодие за учениците: Кој ќе го наследи Љуљзим Алиу?
-

Д-р Трајковски: Со враќањето на децата во училиште ќе се зголемат бактериските инфекции
-

Нагло порасна синдикалната кошничка, ССМ се подготвува за протести и генерален штрајк
-

Светските лидери се среќаваат во Давос - геополитиката ја засени економијата
