Текстилната индустрија пред тежок предизвик поради енергетската криза
Текстилната индустрија пред егзистенцијална закана поради растот на цената на електричната енергија. Некои текстилни компании поставија сончеви панели на своите производствени погони, но никој не можеше да предвиди дека ќе дојде до толкав скок на цената на струјата, па сега калкулацијата вели дека, е поисплатливо енергијата да се продава, отколку да се користи за сопствени потреби.
- Сега веќе кога ќе помине летото, сончеви денови ќе има се помалку, а цената на струјата не престанува да се покачува. Испаѓа дека е подобро да се затвори фирмата и ќе се прави повеќе профит од продажба не електрична енергија, отколку фирмата да работи - изјави Кирил Нашков, претседател на текстилен кластер во источен регион
Работа во конфекциите има и повеќе отколку што може да се одговори на побарувачката, а се покачија и цените на услугите. Меѓутоа, енергетската криза повторно ги врати на почеток, како во перидот на ковид пандемијата.
- Сега кога требаше да видиме бенефит и фирмите и вработените, резултат од тоа зголемување на цените, ни се случи ова и пак сме во незавидна ситуација - додаде Нашков
Текстилната, но и генереално целата индустрија се соочува и со недостиг од работна рака.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар