ТФТ минимално го совлада МКК Куманово

Во завршниот натпревар од 6. коло во македонската кошаркарска Суперлига, ТФТ вечерва на домашен терен го совлада МКК Куманово со 89-87, во дуел со многу резултатски пресврти и драматична завршница.
Натпреварот влезе во последните 34 секунди резултатски израмнет кога Стајиќ направи грешка во нападот на гостите, а ТФТ ја доби можноста да го реши натпреварот. Сила беше сигурен од линијата за слободни фрлања и ги постави конечните 89:87, носејќи голема победа за домашниот состав.
Сила беше најефикасен во редовите на ТФТ оствари дабл-дабл ефект од 27 поени и 12 скокови, додека најистакнат кошаркар на МКК Куманово беше Гуден со 33 поени.
Со оваа победа ТФТ стигна до третиот триумф во шест одиграни натпревари, колку што има и МКК Куманово.
Мтел-Суперлига, резултати 6. коло:
Струмица 20001 – Тиквеш Голден Игл 70:75
Работнички – Кожув 83:80
Пелистер – ГКК Штип 87:92
Скопје – МЗТ Скопје Аеродром 60:79
ТФТ – МКК Куманово 89:87
ТАБЕЛА: Работнички 6/0, МЗТ Скопје Аеродром 5/1, МКК Куманово 3/3, Тиквеш Голден Игл 3/3, ТФТ 3/3, Кожув 3/3, Струмица 2001 2/4, Пелистер 2/4, ГКК Штип 2/4, Скопје 1/5.
МИА
Ново на Сител
-

ДУИ обвинува за јазична дискриминација, ИЈЗ тврди дека нема неправилности
-

Тема на денот со Кирил Миноски, поранешен министер за финансии
-

Мицкоски: Алта банка ќе биде спасена, следниот месец оди на аукција за продажба
-

Исплатата од „Алта банка“ започна и во Струмица, но со неколкучасовно доцнење
-

Цените на горивата паѓаат, животните трошоци растат
-

Нема неправилности во работата на ЦСР Гевгелија за убиството на 17-годишната Билјана
-

Судењето за Ива Михаилова продолжи во нејзино отсуство
-

УГД ги суспендираше двајцата осомничени вработени
