Трагедија во Србија: Загина поранешна тенисерка во тешка сообраќајка

Поранешната српска тенисерка Татјана Јечменица на 47 години го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила на обиколницата Белград.
Трагедијата се случила на обиколница, каде автомобилот во кој се наоѓала Јечменица се движел наназад, по што во него удрил камион.
Таа починала на самото место, додека нејзиниот сопруг се здобил со тешки повреди и бил итно пренесен на лекување. Пожарникарските екипи интервенирале веднаш по несреќата и успеале да ги извлечат сопружниците од уништеното возило.
Во својата кариера, освоила шест Челинџери и имала две победи во главните ждрепки на Гренд Слем турнирите – на Отвореното првенство на САД во 1995 година и на Ролан Гарос во 1996 година.
Јечменица во најдобрите денови од својот ранкинг во кариерата беше на 72. позиција на ВТА-листата, а по завршувањето на професионалното играње беше ангажирана и како селекторка на женската репрезентација во рамки на ФЕД Купот, каде го пренесуваше своето искуство на новите генерации
Ново на Сител
-

АДКОМ и РКЕ бараат поддршка од ЗЕЛС за обврзувачки тарифи за водните услуги
-

Преглед на вестите од светот
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
-

Стабилизација и годишна инфлација под 3% очекува премиерот
-

Бислимоски поднесе оставка
-

По најавите на Касами за смена на министри, Мицкоски му врати дека тој одучува кој ќе остане во Владата
-

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата
