Трамп: Америка со последните избори направи голем чекор назад во историјата

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска оцени дека САД со резултатите од последните меѓуизбори „направија голем чекор назад во историјата“, истакнувајќи дека и берзата, која за време на неговиот мандат беше „ракета“, претрпе еднодневен загуба од три трилиони долари.
„Но не плашете се, ќе се вратиме, поголеми и посилни од кога било“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл.
Демократите на меѓуизборите за американскиот Конгрес на 3 ноември освоија мнозинство во двата дома – 241 место во Претставничкиот дом, каде што на републиканците им припаднаа 162, а во Сенатот добија 54 места, наспроти 44 за републиканците.
Во однос на изборот на гувернери на американските сојузни држави, демократските кандидати победија во 28 држави, а републиканците во 20.
Во однос на претходните избори, демократите освоија четири гувернерски места повеќе, а републиканците четири помалку.
За контрола врз Сенатот потребни се 51 место, додека за контрола врз Претставничкиот дом се потребни 218 места.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Алта банка ќе биде спасена, следниот месец оди на аукција за продажба
-

Исплатата од „Алта банка“ започна и во Струмица, но со неколкучасовно доцнење
-

Цените на горивата паѓаат, животните трошоци растат
-

Нема неправилности во работата на ЦСР Гевгелија за убиството на 17-годишната Билјана
-

Судењето за Ива Михаилова продолжи во нејзино отсуство
-

УГД ги суспендираше двајцата осомничени вработени
-

Мицкоски: Mакедонскиот јазик мора да биде франка лингва во правосудниот систем
-

Нов модел на студентско стипендирање
