Трамп ќе се сретне со Путин и Шји следната седмица, потврди Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја отвори темата за намалување на нуклеарното оружје на средбата следната недела во Кина со претседателите на Русија и и на Кина, Владимир Путин и Шји Џјинпинг, соопшти Белата куќа.
Тројцата лидери се очекува да се сретнат на форумот на Азиско-тихоокеанската економска соработка (АПЕК) во Шенжен. Трамп во понеделник заминува на четиридневна посета на Азија, во чии рамки ќе ги посети и Филипините.
Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека Трамп смета оти ширењето на нуклеарното оружје е многу опасно. Сепак, висок претставник на американската администрација оцени дека не се очекува постигнување договор, туку дека средбата ќе биде почеток на разговорите за тоа прашање.
Кина досега одбиваше да учествува во преговори за нуклеарно разоружување заедно со САД и Русија, образложувајќи дека двете земји располагаат со значително поголеми нуклеарни арсенали. Според Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот, Русија има најмногу нуклеарни боеви глави, по што следуваат САД и Кина.
Според американски претставник, Трамп на средбата ќе ја покрене и темата за војната против Иран, но не и за војната во Украина. Не се планирани ниту посебна билатерална средба со Путин, ниту разговори за пристапот на Украина до сателитските комуникациски услуги на „СпејсИкс“.
Не е познато дали Русија и Кина имаат намера да разговараат за намалување на нуклеарното вооружување. Новиот договор СТАРТ меѓу САД и Русија истече оваа година.
МИА
Ново на Сител
-

Трајанов: Сега е времето да ги бараме досиејата на УДБА
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување насилен екстремизам
-

До 15 години затвор за корупција
-

Мицкоски: Имаме најстабилна Влада во овој дел на Европа
-

Полицијата ќе отстранува потенцијални насилници од сопствениот дом на 48 часа
-

Почна расправата за буџетот: Колку ќе собере, а колку ќе потроши државата догодина?
-

Мицкоски: Зимата ќе биде тешка - ќе сториме се за да нема големи поскапувања
-

Скопје слави 82 години од ослободувањето
