Трамп најави разговори со Путин во блиска иднина
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека наскоро ќе разговара со рускиот лидер Владимир Путин.
Трамп, во интервју за „Си-Би-Ес Њуз“, изрази незадоволство од продолжувањето на војната меѓу Русија и Украина, опишувајќи го конфликтот како „најтежок досега“.
– Не ме радува касапницата меѓу Русија и Украина, рече Трамп, додавајќи дека ќе продолжи да работи на постигнување мирно решение. Тој изрази фрустрација што не успеал да го запре конфликтот, кој започна со руската инвазија во февруари 2022 година, иако првично очекуваше дека ќе го стори тоа веднаш по стапувањето на функцијата во јануари.
Трамп, исто така, нагласи дека иако дал придонес за надминување на многу војни, конфликтот меѓу Русија и Украина останува особено тежок за решавање.
МИА
Ново на Сител
-
30 дена притвор за три лица за палењето на Вардариште
-
За Кочани се уште нема кандидат за градоначалник
-
90 години Хидробиолошки завод - Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Алиу: Осум досиеја на пациенти стигнаа до интерната комисија
-
Преглед на вестите од светот
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор