Трамп се пошегува со американските астронаути заглавени на МВС

Доналд Трамп се осврна на астронаутите Буч Вилмор и Суни Вилијамс, кои во мигов се заглавени на Меѓународната вселенска станица (МВС). Престедателот на САД, притоа, пред новинарите, според многумина доста бесчувствително, на шега изјави дека астронаутите може и да се вљубат поради сѐ тоа.
– Тие беа оставени таму горе. Се надевам дека тоа ќе им се допадне… Можеби дури и „ќе се засакаат“, не знам, рече Трамп.
Инаку, и Вилмор и Вилијамс се во брак со други луѓе, па на интернет Трамп стана цел на бројни критики.
„Непромислените коментари на Трамп за астронаутите заглавени на МВС не само што се неодговорни – туку и ја минимизираат тежината на ситуацијата“, „Ова е неверојатно несоодветно“, „Дали некој мисли дека ова е нормално?“ – гласат дел од коментарите на „Икс“.
Буч и Суни се веќе девет месеци во Вселената, иако нивното патување првично требаше да трае осум дена. За време на мисијата, откриени се дефекти на погонот и истекување хелиум, што доведе до одлука да се врати вселенското летало на Земјата без екипаж, поради безбедноста на астронаутите. Следствено, НАСА одлучи Вилијамс и Вилмор да останат на МВС до пристигнувањето на следната мисија на „Спејс-Икс“, којашто безбедно ќе ги врати на Земјата.
Нивното враќање е планирано за овој март 2025 година, кога ќе треба да влезат во вселенското летало „Кру-9“ „Crew-9“ на „Спејс-Икс“ за да се вратат на Земјата.
За време на нивниот продолжен престој на МВС, Вилијамс и Вилмор продолжија да работат на научни експерименти и одржување на Станицата. И покрај непланираното продолжување на мисијата, и двајцата се во добра здравствена состојба и се подложени на редовни медицински прегледи заради нивна благосостојба.
Ново на Сител
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
-

Модуларната болница во Штип, подготвена за прием на пациенти од „Мој термин“
-

Синдикална кошница: декември поскап од ноември, најмногу пари одат за храна
-

Гостите од соседството најбројни
-

Експертска оценка на економијата 2025 - пораст на вработеноста и континуиран раст на просечната плата
-

Преглед на вестите од светот
-

EСМ бара прогласување на кризна состојба на пазарот со струја
