Трамп: Се водат многу добри разговори за Украина, нешто може да се случи

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека се водат „многу добри разговори“ во врска со војната меѓу Русија и Украина, наведувајќи дека како резултат на преговорите „нешто може да се случи“, без да даде дополнителни детали.
„Многу, многу добри разговори, во врска со Русија и Украина. Нешто може да се случи“, им рече Трамп на новинарите.
Медиумите вчера објавија повикувајќи се на извори, дека американските и украинските преговарачи разговарале за целта Русија и Украина да постигнат мировен договор до март, иако, според извори запознаени со разговорите, веројатно е дека овој рок ќе биде пропуштен поради несогласувања околу клучното прашање за територијата.
Според истите извори, Соединетите Американски Држави и Украина разговарале и за можноста за одржување референдум и избори во мај.
Специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, во четвртокот изјави дека делегациите од САД, Украина и Русија постигнале договор за размена на 314 воени заробеници.
МИА
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
