Бизнис
26. August 2021 - 21:17

Tрговските центри празни – сопствениците на локали бараат нови мерки

Ковид мерките ги испразнија трговските центри. Посетеноста им е намалена за 60% ,а прометот речиси преполовен. Барааат средба  со владините  претставници, да им ги допрецизираат мерките, но и да им објаснат – Ако сите посетители носат маска и  пред секој објект има средства за дезинфекција – зошто е забранет влезот на  лица со негативен ПСР тест?

Ковид пандемијата изминатата година и пол, веќе им се одразила на работењето. Некои книжат загуби, некои целосно затворија. Ако вака скроените мерки останат на сила, опстанокот на многумина ќе биде доведен во прашање. Затоа бараат  Владата да најде друг начин да ја поттикне вакцинацијата, а не да го казнува бизнисот

Во еден од поголемите трговски центри вработени се над 2.500 лица. Со вакви мерки, неминовни ќе бидат отпуштања на вработените, но и напуштања на некои брендови.

За да се спречи ширењето на вирусот Владата минатата недела забрани влез на невакцинирани и прелажани лица со потврда постара од 45 дена во  сите трговски центри. Носење мерка преку ноќ, без консултација со засегнатите според трговците , нема во ниту една европска земја, со толку  ригорозни ограничувања за влез во големите центри. Од Владата засега остануваат на ставот дека  мерките не треба да трпат измени.