-->
-->
Три лица затекнати со знамиња на „Голема Албанија“ во Скопје
-->

Три лица биле затекнати од полицијата во Скопје со истакнати или носени знамиња на таканаречена „Голема Албанија“ со натпис „Autochtonous“.
На 28 ноември, на улицата „Ѓорче Петров“, полицијата запрела возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот Џ.Т., на кое биле истакнати две вакви знамиња.
Истиот ден, на плоштадот „Скендербег“, бил забележан 21-годишниот Ј.А. од Драчевица, кој во раката носел знаме, додека во 21:45 часот на крстосницата на улиците „Ѓорче Петров“ и „Кузман Шапкарев“ било запрено возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, на кое имало истакнато исто такво знаме.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје
-

Жена од гостиварско брутално претепана од сопругот
-

Албанците го слават Денот на албанското знаме
-

Повторно лажни пораки за наводни сообраќајни прекршоци
-

Над 1.200 лица ќе бидат потребни за изградба на автопатот Прилеп-Битола
-

Јаневска: Не гледам причина за протест ако на студентите им се нуди повеќе
-

Европските либерали од Скопје ќе иницираат укинување на ветото во ЕУ
-

Дебелината кај децата, аларм за родителите и институциите
