Тројца нови амбасадори ќе ги претстават платформите за дипломатските активности пред Комисијата за надворешна политика

Во Собранието денеска седница ќе одржат две комисии - Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија и Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.
Пред членовите на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија се претставувањата на платформите за дипломатските активности на наши тројца вонредни и ополномоштени амбасадори. Во Кралството Данска ќе не претставува Фадил Зендели, во Украина Димитар Блажевски и во Република Албанија, Веле Трпевски.
На Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите се Годишниот извештај за работата на Оперативно-техничка агенција за 2025 година и Годишниот финансиски план за 2026 година на Оперативно-техничката агенција за средствата од надоместоците од Агенцијата за електронските комуникации.
МИА
Ново на Сител
-

Втора сесија на стратешкиот дијалог во САД
-

Кампања на ДКСК за етичко и законито лобирање
-

Охрид ќе добие нови летни сцени
-

Индустрискиот симбол на Штип што исчезна
-

Започна доасфалтирање и доуредување на улиците во индустриската зона „Металец“ кај Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Кога Македонците ќе зборуваат во Унијата по цени како дома?
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
